НОВИОТ JEEP AVENGER 4xe Hybrid
Надворешност
АВАНТУРА НА НАЈВИСОКО НИВО
Новиот Jeep® Avenger 4xe е повеќе од само 4x4. Тој е највисокиот израз на авантура и слобода, со посебен посветен внатрешен и надворешен дизајн, со специфични теренски карактеристики кои ја подобруваат неговата способност.
Предни светла
Full-LED предните светла го осветлуваат патот и го прават безбедно возењето, притоа додавајќи допир на стил и уникатност на Avenger 4xe. Светлата се позиционирани високо и имаат заштита од удари при мала брзина.
Задни светла
Full-LED задните светла обезбедуваат супериорна видливост и безбедност одзади возилото во секакви услови на возење и му даваат препознатлив современ допир на задниот изглед на Avenger 4xe.
Сребрена оплата & браници
Оплатата и новите предни и задни браници се обликувани во затемнет полимерен материјал кој ја задржува оригиналната боја во случај на гребење.
Тркала
Новиот Jeep® Avenger 4xe е опремен со 17” црни алуминиумски тркала со гуми за низ кал и песок со што ја нагласува посветеноста на марката на слободата и авантурата.
Задна кука за влечење
Задната кука за влечење на Новиот Jeep® Avenger 4xe додава дополнително ниво на способност, овозможувајќи ти да се справиш со тешки терени и да помогнеш во одредени ситуации. Тоа е суштинска карактеристика за авантуристички возења, што гарантира самоуверено соочување со секој предизвик надвор од патот.
Шипки за товар на покривот
Шипките на покривот нудат уште повеќе разновидност, овозможувајќи безбедно да транспортираш дополнителна опрема и товар. Совршени за секоја авантура, обезбедуваат дополнителен простор за складирање велосипеди, кајаци или багаж, за да бидеш целосно опремен за претстојното патување.
Внатрешност
Ново радио од 10.25”
Уникатното радио од 10.25” Uconnect™ со вградена навигација обезбедува удобни и поврзани патувања и ти овозможува во потполност да уживаш во твоите авантури. Сето тоа со придобивките од безжичните Apple Carplay и Android Auto кои те придружуваат на сите патувања.
Нова инструмент-табла од 10.25”
Новиот Jeep® Avenger 4xe поседува сосем нова инструмент-табла со екран на допир full TFT (thin-film transistor) од 10.25”, нудејќи му на возачот интуитивни информации и прилагодлива контрола .
180° задна камера со „drone view“
Новиот Jeep® Avenger 4xe располага со задна дигитална камера која снима под агол од 180° со што ти овозможува да уживаш во авантурата од секој агол, и истовремено ја зголемува безбедноста и удобноста.
Седишта од издржливи материјали кои се мијат
Наменската внатрешност на Новиот Jeep® Avenger 4xe е специјално направена од издржливи материјали кои можат да се мијат, што го олеснува миењето на кабината по секоја авантура.
Перформанси & Способност
Мотор
Новиот Jeep® Avenger 4xe 48V Hybrid располага со погонска група која ги комбинира перформансите на конвенционален мотор од 136 КС со два електрични мотори (по 21 kW) и возбудата од возењето Jeep®. Обезбедува максимален вртежен момент од 230 Nm, максимална брзина од 194 km/h и забрзување од 0-100 km за 9,5 секунди.
Hill-Descent Control
Технологијата за контрола при спуштање на удолници Hill-Descent на новиот Jeep® Avenger 4xe ти дава максимална можност за акција при пуштање на удолници.
Selec-Terrain систем
Системот Selec-Terrain® на новиот Jeep® Avenger 4xe ти овозможува да избереш од четирите специфични начини на возење за полесно преминување на различни теренски услови: Автоматски, Песок/Кал, Снег и Спорт.
Експерт за косина
Новиот Jeep® Avenger 4xe е во состојба да вози на косина од 40% од чакал и до 20% косина предната оска да не допира до тлото. Редукторот 22.7:1, спарен со задниот електричен мотор, дава извонреден вртежен момент од 1.900 Nm на тркалата.
4x4 секогаш на располагање
Благодарение на технологијата за пренесување на моќност, системот може да гарантира погон на сите тркала и покрај нивото на полнење на батеријата. Предниот термички мотор обезбедува погон на предните тркала, а предниот електричен мотор работи како генератор и снабдува енергијата за задниот електричен мотор. На овој начин, задниот електричен мотор обезбедува погон на задните тркала.
Електрично возење
Новиот Jeep® Avenger 4xe може да се движи со помош на предниот електричен мотор без да го вклучи моторот со внатрешно согорување во различни ситуации, како што се: при возење со погон на предните тркала, до 1 км под 30 км/ч, до 50% електричен погон во град, при мали маневри кога ќе се отпушти педалот на кочницата (e-Creeping), за стартување на електричниот мотор (e-Launch), за следење на Stop&Gо при возење во целосно електричен режим (e-Queueing) и да се паркира во целосно електричен режим (e-Parking).
Поврат на енергијата
Системот на новиот Jeep® Avenger 4xe може да ја поврати енергијата при успорување на движењето, благодарение на регенеративното успорување.
ADAS - СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ
АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ
Електронскиот систем Адаптивен темпомат (ACC) автоматски ја регулира брзината на движење за да го одржи претходно избраното растојание од возилото пред вас.
АВТОНОМНО КОЧЕЊЕ ПРИ ИТНИ СЛУЧАИ
Системот за Автономно кочење при итни случаи – Autonomous Emergency Braking ги воочува препреките пред возилото да стигне до нив, дури и кога се вози по патиштата надвор од град. Благодарение на него, новиот Avenger може автоматски да кочи за да ги избегне или пак да ги намали последиците од судирот со возилата пред него, пешаците или пак велосипедистите. Автомобилот најнапред го преудпредува возачот преку звучен и визуелен сигнал на инструмент-таблата и доколку возачот не прикочи, автомобилот автономно прикочува за да се избегне судирот или да се намалат последиците од судирот.
ПРЕГЛЕДНОСТ НА СЛЕПИ АГЛИ
Биди посигурен во возењето со прегледност на она што се случува покрај или зад тебе. Системот Прегледност на слепи агли - Blind Spot Detection го намалува ризикот од инциденти при промена на коловозна лента, така што те предупредува кога други возила влегуваат во твојот простор на слеп агол.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ
Ја одржува воспоставената брзина и преку директна комуникација со Интелигентната асистенција за брзината (Intelligent Speed Assist - ISA), новиот систем за Препознавање на сообраќајните знаци (Traffic Sign Recognition system - TSR) е во состојба да ги прочита сообраќајните знаци и да испрати предупредување доколку возачот го пречекорува ограничувањето на брзината или доколку забележи какви и да се други ограничувања.
ОДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
Системот за Активно одржување во коловозна лента ја мери твојата позиција на коловозната лента. Доколку системот открие ненамерно излегување од рамките на лентата, те предупредува и ја корегира твојата позиција, враќајќи го возилото во коловозната лента.
НИВО 2 СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ
Нивото 2 на системи за помош при возење го поедноставува начинот на возење и долгите патувања, одржувајќи го потребното растојание од возилото однапред и местоположбата на возилото во средината на коловозната лента со активно дејство на воланот.