До
380 КС
ВО КОМБИНИРАН ЦИКЛУС
<3 ЧАСА
ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ СО 7,4 KWH
130 KM/H
МАКСИМАЛНА БРЗИНА ВО ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ
До
51 КМ
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНА АВТОНОМИЈА ВО ГРАДСКИ ЦИКЛУС

НАДВОРЕШНОСТ

ПРЕКРАСЕН ДО НАЈМАЛ ДЕТАЉ
Jeep Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid располага со поелегантен изглед. Иконската решетка со седум отвори сега има уште подефинирани линии, кои совршено се совпаѓаат со стилот на панорамскиот електричен покрив. Новото хромирано лого 4xе на задната врата го нагласува неговиот непогрешлив стил. Логото Grand Cherokee, пак, е ново и е опкружено со иконскиот син профил на 4xe светот.

ВНАТРЕШНОСТ

ПРОСТОР ОД ИДНИНАТА
Внатрешноста располага со нов концепт на стил кој се одликува со неспоредлив комфор, зголемен простор и најнапредна технологија. Седиштата се одликуваат со префинетост на уникатни и препознатливи детали, со прилагодување во 16 различни позиции* за да ви дадат максимална удобност. Зад воланот на Jeep Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid има уште повеќе простор. Располага со товарен простор од 580 литри за да ги понесете вашите ствари, дури и најобемните, каде било. *Достапно само на некои нивоа на опременост

ДИМЕНЗИИ

Jeep Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid ви нуди удобност и простор што ви е потребен за секое патување. Вклучувајќи ги и најекстремните авантури.

НОВА МОЌНОСТ

Моќноста на Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid доаѓа од синергијата на двете погонски единици со високи перформанси: бензински турбомотор од 2,0 литри I-4 кој може да испорача до 272 КС и новиот електричен мотор што може поединечно да понуди до 145 КС. Комбинираната моќност што може да ја достигне Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid е до 380 КС.

ЕЛЕГАНТЕН, НО АВАНТУРИСТИЧКИ

Перформансите на новиот 2024 Grand Cherokee ги комбинираат способноста и леснотијата на користење, благодарение на редуцираните брзини и ексклузивниот систем за воздушно потпирање Quadra-Lift кој ви овозможува да се приспособите на променливите услови на патот за подобрена стабилност и возење.

ВИСТИНСКА ДЕМОНСТРАЦИЈА НА КАРАКТЕРОТ

Новиот 2024 Jeep® Grand Cherokee ќе ги олесни вашите патувања и ќе го унапреди вашето возачко искуство. Понапредните системи за помош на возачот сега се во серија, како што се: Препознавање на сообраќајните знаци, откривање на поспаност кај возачот, итно сопирање пред пешаци и велосипедисти, адаптивен темпомат со stop & go, активен систем за управување со промена на лента и многу повеќе.

ВАШИТЕ НАЈДОБРИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ


Наполнете го вашиот Grand Cherokee дома или во движење. Како додатна опрема може да имате домашен уред за полнење eProWallbox, кој работи до 22 kW.

МАКСИМАЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Широкиот спектар на автентични додатоци Mopar® му дава на вашиот Grand Cherokee личен допир и додава сè што ви треба за вашата следна авантура.

21” АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА ВО ГРАНИТНА БОЈА СО КРИСТАЛЕН ФИНИШ


Подобрете го стилот на вашиот Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid со алуминиумските тркала од 21“ со финиш во гранитно-кристална боја.

ПОСВЕТЕН ТИМ ЗА ПОДДРШКА


За прашања во врска со купениот Jeep автомобил или услугите од постпродажба, контактирајте со механичарските или лимаро-фарбарските сервиси. За информации за нови возила или комплетна поддршка кога одбирате онлајн или во продажен салон, контактирајте го нашиот стручен тим за продажба.

Потрошувачка на гориво на Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-in Hybrid (l/100 km): 2,1 - 1,8; Емисија на CO2 (g/km): 47-41, според Директивата на ЕУ 1999/94.

Вредностите за одобрување на типот утврдени според комбинираниот циклус на WLTP, врз основа на кој се ажурираат новите возила од 31 март 2022 година. Наведените вредности се за споредбени цели.

Важно: вистинската потрошувачка на гориво и вредностите на емисија на CO2 може да бидат многу различни и може да се варираат во зависност од условите на користење и од различни фактори како што се: опционали, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина на возилото, употреба на одредена опрема (клима-уред, греење, радио, навигација, светла итн.), типови и услови на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.