ВОЗЕТЕ НА БИЛО КАКОВ ТЕРЕН
Не сите 4х4 возила се направени еднакви. Возилата од марката Jeep® се дизајнирани и тестирани на најнепристапните терени на планетата за да може да имате потполна доверба во нив додека возите по дожд или по снежна бура или по терени надвор од патиштата. Избере Јеер 4x4 за сите временски услови и за каков и да е терен и поттикнете ја вашата страст кон авантурата.
ИЗВОНРЕДНА 4Х4 ТЕХНОЛОГИЈА
Не треба да ве изненади тоа што Jeep® е еден од светските лидери во 4x4 технологијата која е столб на марката. Нашата гама на софистицирани 4x4 системи ви овозможува да го пронајдете вашиот пат нагоре, надолу, низ или околу речиси сѐ. Може да му верувате на Jeep со неговите над 80 години 4x4 мајсторство за да ви помогне да се справите со сѐ што мајката природа ќе ви прати.
OFF-ROAD ДИФЕРЕНЦИЈАЛИ
СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕДНИОТ СТАБИЛИЗАТОР
ЗАШТИТА НА ПОДВОЗЈЕТО (ОПЛАТА)
ШИНИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ ВОЗЕЊЕ НА КАРПЕСТ ТЕРЕН
BODY-ON-FRAME ДИЗАЈН
МОЌНИ ОСКИ DANA® 44
4x4 ВОЗИЛА
Способноста е во нашата срж. Изберете Jeep® 4x4 возило и можете да бидете сигурни дека тоа ќе го оправда своето име. Инженерите на Jeep неуморно ги тестираат возилата на некои од најбруталните терени познати на човештвото за да може самоуверено да возите по патеките или да маневрирате низ улици со дупки на вашиот пат до следното големо нешто.
GRAND CHEROKEE 4xe
COMPASS 4xe
WRANGLER 4xe
GRAND CHEROKEE 4x4 СИСТЕМИ
Jeep® Grand Cherokee има четири докажани 4x4 системи достапни на барање кои можат да се справат со сите временски услови. Едноставниот за употреба Quadra-Trac I® систем е одлично решение за повеќето луѓе. Системот Quadra-Trac II® нуди способност за низок режим. Системот Quadra-Drive® II нуди огромна способност за off-road терен, а Quadra-Trac® SRT® 4x4 системот обезбедува врвни перформанси на улицa и по патеки.
Quadra-Drive® II 4x4 систем со самоблокирачки електронски диференцијал назад со намалено пролизгување
Quadra-Trac I® 4x4 систем
Quadra-Trac II® 4x4 систем
Quadra-Trac® SRT® 4x4 систем
COMPASS 4x4 СИСТЕМИ
Jeep® Compass има два достапни 4x4 Системи кои можат да поднесат какви било временски услови. Jeep Active Drive 4x4 Системот ги покрива сите основи за секојдневно возење. Compass Trailhawk® со стандардниот Jeep Active Drive Low 4x4 систем е најспособниот компактен SUV досега. Во комбинација со системот за управување со погон Selec-Terrain®, ја имате најдобрата способност за 4x4 во класата.
Jeep® Active Drive 4x4 систем
Jeep® Active Drive Low 4x4 систем
WRANGLER 4x4 СИСТЕМИ
Wrangler, одете каде и да е. Правете што и да е. Иконата на марката Jeep® е врвно подготвена за вашата следна авантура. Емоциите што ги доживувате во Wrangler на отворено се неописливи. Само прашајте некој што го поседува. Wrangler со стандарден систем 4x4 може да ве однесе до вашето мирно место во шумата или до вашето тајно место покрај брегот на реката.
Command-Trac® 4x4 систем
Rock-Trac® 4x4 систем
JEEP® LIFE
Да се поседува Jeep® 4х4 возило значи да се живее авантуристички секој ден.