Новиот Jeep®Avenger
4xe Hybrid

ГРАТИС СЕТ ЗИМСКИ ПНЕВМАТИЦИ
5 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА

МОТОРИ НА РАСПОЛАГАЊЕ

4xe HYBRID

ПОСЕБНИ ОДЛИКИ

СОЗДАДЕН СО НАМЕРА ДА БИДЕ ТЕРЕНЕЦ

Препознатлива осветлена предна маска со седум отвори, специфичен теренски дизајн со преден Jeep штитник за зголемена заштита и кровни носачи за дополнителна функционалност.

ВИСТИНСКИ JEEP® CПОСОБНОСТИ

Иновативниот 4xe hybrid со погон на сите тркала располага со новиот систем за избор на режим на возење, системот за контрола при спуштање на удолница, и системот за минување низ вода до длабочина од 400mm со што гарантира извонредни теренски способности.

МОЌНОСТ ВО ДВИЖЕЊЕ

145 КС од хибридниот мотор со автоматски пренос: ефикасно и лесно возење на сите авантури.

НАМЕНСКА ВНАТРЕШНОСТ

Префинетост пресретната со практичност: нови врати и материјал на таблата, нов отпорен материјал кој се пере на седиштата за возење исполнето со страст.
Разгледај ги предностите
Разгледај ги предностите

ПРИЧИНИ ДА ГО ИЗБЕРЕШ

ПРИЧИНИ ДА ГО ИЗБЕРЕШ

Кога купуваш ново возило, основно е да ги разгледаш уникатните предности за секоја опција која се нуди. Од вистински теренски способности и паметни функции до врвна технологија со напредни безбедносни функции, секој детаљ е дизајниран за да го издигне доживувањето при возење на највисоко ниво во текот на секое патување.

ФУНКЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН

Со смели, компактни пропорции, заштита на браниците и нова осветлена предна решетка со седум отвори, новиот Jeep® Avenger 4xe Hybrid има префинет изглед кој веднаш паѓа в очи.

СОВРЕМЕН И ТЕХНОЛОШКИ

Целосно дигитален интерфејс, предна камера со поглед од 360° за паркирање и LED Matrix предни светла кои го издигнуваат доживувањето на повисоко ниво.

БЕСКОМПРОМИСНИ СПОСОБНОСТИ

Безбедноста е гарантирана со 4xe способностите за сите сезони и можностите кои ги пружаат системите за помош при возење ниво 2, заедно со Асистенцијата при метеж во сообраќајот.

РАЗГЛЕДАЈ ГО НОВИОТ JEEP®AVENGER

РАЗГЛЕДАЈ ГО НОВИОТ JEEP®AVENGER

UPLAND

Hybrid 4xe 145 КС со автоматски менувач

 

НАДВОРЕШНОСТ И ДИЗАЈН
• 17'' црни алуминиумски тркала со М+Ѕ гуми
• Full LED предни рефлекторски светла
• Jeep штитник на предниот браник
• LED светла за магла
• Кровни носачи

 

ВНАТРЕШНОСТ И ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА
• Табла со црна зрнеста боја
• Седишта од отпорен материјал кој може да се пере
• Преден потпирач за рака

 

БЕЗБЕДНОСТ И ТЕХНОЛОГИЈА
• 10.25” радио со екран на допир
• 10.25’’ целосно дигитална инструмент-табла
• 180° задна камера
• Отворање на вратите и стартување на моторот без употреба на клуч
• Самозатемнувачки внатрешен ретровизор без рамка
• Безжичен полнач за мобилен телефон
• Темпомат
• Контрола при спуштање на удолница
• Систем за избор на режим на возење Selec-Terrain® црвен и гумиран
• Автоматски долги светла
• Автоматски клима-уред

85TH ANNIVERSARY

Hybrid 4xe 145 КС со автоматски менувач

 

НАДВОРЕШНОСТ И ДИЗАЈН:
•18" алуминиумски тркала со дијамантска форма и инсерти во златна боја со летни гуми
• Матрикс LED предни светла
• Осветлена предна маска со 7 отвори
• LED светла за магла
• 85th Anniversary налепница на хаубата

 

ВНАТРЕШНОСТ И ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА:
• Клот/винил премиум седишта со лого 85th Anniversary и тартан шара
• Амбиентално осветлување во повеќе бои
• 85th натпис на поклопецот на тунелот

 

БЕЗБЕДНОСТ И ТЕХНОЛОГИЈА:
• Предна паркинг камера со прегледност од 360°

OVERLAND

Hybrid 4xe 145 КС со автоматски менувач

 

НАДВОРЕШНОСТ И ДИЗАЈН:
• Матрикс LED предни светла
• Осветлена предна маска со 7 отвори

 

ВНАТРЕШНОСТ И ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА:
• Амбиентално осветлување во повеќе бои
• 4xe натпис на поклопецот на тунелот
• Зелена табла со топографски линии

 

БЕЗБЕДНОСТ И ТЕХНОЛОГИЈА:
•Прегледност при слеп агол
• Предна паркинг камера со прегледност од 360°
• Електрични надворешни ретровизори на преклопување со светло под вратите
• 360° сензори за паркирање
• Адаптивен темпомат
• Помош за одржување во коловозна лента и Помош за движење низ сообраќаен метеж

ПРИЛАГОДИ ГИ ТВОИТЕ АВАНТУРИ

МОЖЕ ДА ТИ СЕ ДОПАДНЕ И

Нов AVENGER e-HYBRID


Совршен за твоите авантури надвор од град: Новиот Jeep® Avenger e-Hybrid е компактен СУВ кој ти овозможува да ја доживееш целата гама на перформанси и способности на e-Hybrid системот, благодарение на неговиот електрифициран погон.

Потрошувачка на гориво на гамата на новиот Jeep® Avenger 4xe: 5,4 – 5,4l/100 km; емисија на CO2: 122 – 123 g/km. Вредностите за одобрување на типот се утврдени врз основа на комбинираниот циклус WLTP. Вредностите се ажурирани во февруари 2025 година и се наведени за споредбени цели. Податоците за потрошувачката на гориво и CO2 се дадени само за споредбени цели и може да не ги одразуваат реалните вредности на возење, коишто зависат од голем број фактори, вклучувајќи ги вградените додатоци (по регистрацијата), различните временски услови, стилот на возење и оптоварувањето на возилото. Може да се споредат само вредностите за потрошувачката на гориво и CO2 со другите тестирани автомобили со истата техничка процедура.

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Jeep Avenger 4xe не е приклучен хибрид (plug-in hybrid), туку е хибрид од 48V. Моторот со внатрешно согорување е спарен со два електрични мотори за да овозможи погон на сите тркала.

НовиотJeep Avenger 4xe користи еден термички и два електрични мотора, еден за предна оска и еден за задната. Tермичкиот мотор обезбедува погон на предните тркала, електричниот мотор на задната оска обезбедува погон на задните тркала, за да гарантира способност за погон на сите тркала. Електричниот мотор на предната оска работи како генератор и обезбедува енергија за моторот на задната оска со цел да гарантира погон на сите тркала без оглед на нивото на полнење на батеријата. Кога не е потребен погон на сите тркала, електричниот мотор на предната оска овозможува возење во чист електричен погон при ниски брзини.

Да, новиот Jeep Avenger 4xe има погон на сите тркала (All Wheel Drive - AWD)

Кога ќе се потроши батеријата на електричниот мотор на предната оска работи како генератор и му обезбедува енергија на електричниот мотор на задната оска, за да гарантира погон на сите тркала без оглед на нивото на полнење на батеријата.

Кај новиот Jeep Avenger 4xe означува 4x4 возило. Тоа е комбинација на традиционалното теренско возење со поддршка од електричен мотор.

Jeep Avenger 4xe е хибрид со 48V, возилото има способност да надоместува енергија при успорување со што ја намалува потрошувачката на гориво, благодарение на поддршката од електричниот мотор. Кога не е потребен погон на сите тркала, електричниот мотор на предната оска овозможува возење во чист електричен погон при ниски брзини.

Главната разлика е во моќта и погонот. Jeep Avenger e-Hybrid е возило со погон на предните тркала со еден електричен мотор, со термички мотор со моќност од 100 КС и вкупна комбинирана моќност од 110 КС. Jeep Avenger 4xe е возило со погон на сите тркала, со два електрични мотора, термички мотор со моќност од 136 КС и вкупна комбинирана моќност од 145 КС.

Jeep Avenger 4xe е дизајниран како теренско возило со погон на сите тркала и подобрени: растојание од тлото, теренски агли, способност за минување низ вода, систем за избор на режим при возење Selec-terrain, како и контрола при спуштање на удолница.

Електричниот мотор на задната оска е спарен со редуктор така што обезбедува вртежен момент на задните тркала до  1900Nm, што резултира со извонредна способност за совладување стрмни површини. 

Jeep Avenger 4xe има максимален капацитет на влечење до 1.150 kg.

Jeep Avenger 4xe има капацитет на влечење од 1.150 kg и може да влече приколки согласно неговата големина.

Jeep Avenger 4xe може да достигне максимална брзина од 194 km/h. 

Jeep Avenger 4xe испорачува вкупна моќност од 145 КС и 230 Nm вртежен момент.

Погонскиот систем се состои од термички мотор со 136 КС и два електрични мотора, секој од по 21kW.

Вкупната автономија на возење изнесува приближно 800 километри, согласно потрошувачката на гориво според WLTP циклусот и капацитетот на резервоарот за гориво од 44 литри.

Avenger 4xe благодарение на хибридниот погонски систем со 48V, е во можност да вози во чист електричен режим дo 1km со брзина пониска од 30km/h кога батеријата е полна и кога нема потреба од погон на сите тркала .

Потрошувачката на гориво кај Jeep Avenger 4xe е 5.4-5.5  l/100km согласно комбинираниот WLTP циклус.

Jeep Avenger 4xe се придвижува со помош на хибриден погонски систем со 48V составен од бензински мотор од 1.200 l кој испорачува 136 КС и два електрични мотора, секој од по 21 kW. Еден електричен мотор е поставен на предната оска, а другиот на задната оска. Благодарение на ваквата поставеност, возилото поседува способност за погон на сите тркала и вкупна комбинирана моќност од 145 КС.