100% електричен Jeep® Avenger
Надворешност
Стилски и функционален дизајн
100% електричниот Jeep® Avenger располага со мускулест, но компактен изглед, со заштита на каросеријата од 360°, за да те поддржува на сите твои авантури.
Препознатливата решетка со седум отвори и full-LED предните светла го прават овој целосно електричен автомобил препознатлив, додека заоблената оплата потсетува на легендарниот дизајн на Jeep®.
Предни светла
Full-LED предните светла го осветлуваат патот и го прават безбедно возењето, притоа додавајќи допир на стил и уникатност на 100% електричниот Avenger. Светлата се позиционирани високо и имаат заштита од удари при мала брзина.
Задни светла
Full-LED задните светла обезбедуваат супериорна видливост и безбедност одзади возилото во секакви услови на возење и му даваат препознатлив современ допир на задниот изглед на 100% електричниот Avenger. Токму нивниот X од канистерот за гориво, го прават 100% електричниот Jeep® Avenger препознатлив на каков и да е пат.
Оплата
Оплатата е обликувана во затемнет полимерен материјал кој ја задржува оригиналната боја во случај на гребење.
Тркала
Секоја опција за тркала на 100% електричниот Jeep® Avenger одговара на смелиот дизајн на овој целосно електричен автомобил, што ја нагласува посветеноста на марката на слободата и авантурата.
Внатрешност
Ново радио 10.25”
Уникатното радио од 10.25” Uconnect™ со вградена навигација обезбедува удобни и поврзани патувања и ти овозможува во потполност да уживаш во твоите авантури. Сето тоа со придобивките од безжичните Apple Carplay и Android Auto кои те придружуваат на сите патувања.
Нова инструмент-табла од 10.25”
100% електричниот Jeep® Avenger поседува сосем нова инструмент-табла со екран на допир full TFT (thin-film transistor) од 10.25”, нудејќи му на возачот интуитивни информации и прилагодлива контрола.
180º задна камера
100% електричниот Jeep® Avenger располага со задна дигитална камера која снима под агол од 180° со што ти овозможува да уживаш во авантурата од секој агол, и истовремено ја зголемува безбедноста и удобноста.
Амбиентално осветлување во повеќе бои
Амбиенталното осветлување во повеќе бои на Jeep® Avenger го подобрува комфорот и стилот пружајќи им на патниците можност да го прилагодат амбиентот со различни бои за пријатно чувство.
Сончев покрив
Jeep® Avenger Full-Electric пружа и можност за отворен сончев покрив за да бидеш во поблизок контакт со природата, во вистински Jeep® стил.
Кожни седишта со функција за масажа на возачкото седиште
Уживај во секоја авантура! 100% електричниот Jeep® Avenger располага со кожни предни седишта, а возачкото седиште има електрично прилагодување и функција за масажа, со што уште повеќе го зголемува задоволството зад воланот.
Перформанси & Способност
Мотор
100% електричниот Jeep® Avenger ги комбинира перформансите и возбудата за возење Jeep®. Испорачува вкупно 156 КС, со максимален вртежен момент од 260 Nm и забрзување од 0-100km/h за 9s.
Hill-Descent Control
Технологијата за контрола при спуштање на удолници Hill-Descent на 100% електричниот Jeep® Avenger ти дава максимална можност за акција при пуштање на удолници.
Selec-Terrain system
Системот Selec-Terrain® на Jeep® Avenger e-Hybrid ти овозможува да избереш од четирите специфични режими на возење за полесно преминување на различни теренски услови: Нормален, Еко, Песок, Кал, Снег и Спорт.
Висина од тлото
100% електричниот Jeep® Avenger располага со извонредно растојание од тлото и агли на влез и прекршување, што му помага да се соочи со препреките на пат и надвор од него.
ADAS - СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ
АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ
Електронскиот систем Адаптивен темпомат (ACC) автоматски ја регулира брзината на движење за да го одржи претходно избраното растојание од возилото пред вас.
АВТОНОМНО КОЧЕЊЕ ПРИ ИТНИ СЛУЧАИ
Системот за автономно кочење при итни случаи – Autonomous Emergency Braking ги воочува препреките пред возилото да стигне до нив, дури и кога се вози по патиштата надвор од град. Благодарение на него, новиот Avenger може автоматски да кочи за да ги избегне или пак да ги намали последиците од судирот со возилата пред него, пешаците или пак велосипедистите. Автомобилот најнапред го преудпредува возачот преку звучен и визуелен сигнал на инструмент-таблата и доколку возачот не прикочи, автомобилот автономно прикочува за да се избегне или да се намалат последиците од судирот.
ПРЕГЛЕДНОСТ НА СЛЕПИ АГЛИ
Биди посигурен во возењето со прегледност на она што се случува покрај или зад тебе. Системот прегледност на слепи агли - Blind Spot Detection го намалува ризикот од инциденти при промена на коловозна лента, така што те предупредува кога други возила влегуваат во твојот простор на слеп агол.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ
Ја одржува воспоставената брзина и преку директна комуникација со Интелигентната асистенција за брзината (Intelligent Speed Assist - ISA), новиот Систем за препознавање на сообраќајните знаци (Traffic Sign Recognition system - TSR) е во состојба да ги прочита сообраќајните знаци и да испрати предупредување доколку возачот го пречекорува ограничувањето на брзината или доколку забележи какви и да се други ограничувања.
ОДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
Системот за активно одржување во коловозна лента ја мери твојата позиција на коловозната лента. Доколку системот открие ненамерно излегување од рамките на лентата, те предупредува и ја коригира твојата позиција, враќајќи го возилото во коловозната лента.
НИВО 2 СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ
Нивото 2 на системи за помош при возење го поедноставува начинот на возење и долгите патувања, одржувајќи го потребното растојание од возилото однапред и местоположбата на возилото во средината на коловозната лента со активно дејство на воланот.