НОВ JEEP AVENGER 4xe The North Face Edition
Надворешност
ДОПРИ ГИ СИТЕ ВРВОВИ
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition е поим за авантура и слобода, со браници со златни инсерти како на Summit, aнтирефлексивна налепница на хаубата и решетката со 7 отвори со топографски линии. Совршен за оние кои сакаат да истражуваат надвор од обичното.
Налепница на хаубата
Уникатен детал што ја подобрува видливоста и го изразува твојот авантуристички дух: Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition има aнтирефлексивна налепница во впечатлива Summit златна боја, со официјалното лого на The North Face.
Нова решетка со 7 отвори, со посебна графика
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition поседува ексклузивна предна решетка со графика, топографска рамка и сјајни црни прстени, со што ја прави оваа верзија на возилото уште поуникатна.
Лого со ексклузивен дизајн
Уникатен и ексклузивен, дизајнот на логото на новиот Jeep® Avenger 4xe North Face Edition се одликува со префинети златни инсерти кои го комплетираат неговиот неспоредлив стил.
Предни и задни светла
Позиционирани високо и со посебна заштита од удари при мала брзина Full-LED предните светла обезбедуваат видливост и безбедност на патот, притоа додавајќи допир на стил и уникатност на Avenger 4xe The North Face Edition. Full-LED задните светла обезбедуваат супериорна видливост и безбедност одзади во секакви услови на возење и му даваат препознатлив современ допир на задниот изглед на возилото.
Предни & задни браници
Предните & задни браници се изведени од обоен полимерен материјал кој ја одржува оригиналната боја и во случај на гребење. Истовремено, благодарение на златните инсерти, впечатливи се на прв поглед.
Тркала
Новиот Jeep® Avenger 4xe Тhe North Face Edition е опремен со 17” црни алуминиумски тркала со гуми за низ кал и песок, а со златните инсерти го прават изгледот на возилото препознатлив со што ја нагласува посветеноста на марката на слободата и авантурата.
Внатрешност
Посветена шал-табла
Шал-таблата на новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition ги прикажува топографските линии и профилот на Mont Blanc, како одраз на истражувачкиот дух и на авантурите на голема надморска височина. А, тука е и логото „1 во 4.806“ на шал-таблата, кое постојано ќе те потсетува на уникатноста на твојот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition.
Посветени и издржливи седишта од материјал кој лесно се пере
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition нуди внатрешно опкружување дизајнирано за авантура и издржливост. Посветените седишта се изработени од материјал кој лесно се пере, проткаен со Summit Gold профили кои потсетуваат на класичната јакна „монтка“. На задниот дел имаат ластик во стилот на ранците The North Face, со што се обезбедува простор за дополнителен товар и дополнителна практичност, како и логото на The North Face.
Посветени патосници
Гумените патосници со 3D планински профил обезбедуваат цврста заштита и го комплетираат единствениот и посветен стил на внатрешноста, совршен за напорни патувања.
Специјално дизајниран капак на централната конзола
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition посветува особено внимание на деталите и стилската внатрешност со специјалниот дизајн на капакот на централната конзола, на кој се наоѓа класичното лого The North Face.
Амбиентално осветлување во повеќе бои
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition во внатрешноста има и амбиентално осветлување во повеќе бои што ти пружа можност да бираш осветлување според расположението и потребите при секоја авантура.
Пакет The North Face Explore
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition вклучува и комплет за истражување кој содржи шатор, кутија за поставување камп, шише за вода и торба брендирани со Jeep и The North Face.
Перформанси & Способност
Мотор
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition 48V располага со хибридна погонска група која ги комбинира перформансите на конвенционален мотор од 136 КС со два електрични мотори (секој по 21 kW) и возбудата од возењето Jeep®. Обезбедува максимален вртежен момент од 230 Nm, максимална брзина од 194 km/h и забрзување од 0-100 km за 9,5 секунди. Потрошувачката на гориво според циклусот WLTP е 5.4L /100 Km.
Hill-Descent Control
Технологијата за контрола при спуштање на удолници Hill-Descent на новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition ти дава максимална можност за акција при пуштање на удолници.
Selec-Terrain систем
Системот Selec-Terrain® на новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition ти овозможува да избереш од четирите специфични режими на возење за полесно преминување на различни теренски услови: Автоматски, Песок/Кал, Снег и Спорт.
Експерт за косини
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition е во состојба да вози на косини од 40% на чакал и до 20% косини кога предната оска не се прилепува на тлото. Редукторот 22.7:1, спарен со задниот електричен мотор, дава извонреден вртежен момент од 1.900 Nm на тркалата.
4x4 секогаш на располагање
Благодарение на технологијата за пренесување на моќност, системот може да гарантира погон на сите тркала и покрај нивото на полнење на батеријата. Предниот термички мотор обезбедува погон на предните тркала, а предниот електричен мотор работи како генератор и снабдува енергија за задниот електричен мотор. На овој начин, задниот електричен мотор обезбедува погон на задните тркала.
Електрично возење
Новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition може да се движи со помош на предниот електричен мотор без да го вклучи моторот со внатрешно согорување во различни ситуации, како што се: при возење со погон на предните тркала, до 1 км под 30 км/ч, до 50% електричен погон во град, при мали маневри кога ќе се отпушти педалот на кочницата (e-Creeping), за стартување на електричниот мотор (e-Launch), за следење на Stop&Gо при возење во целосно електричен режим (e-Queueing) и да се паркира во целосно електричен режим (e-Parking).
Поврат на енергијата
Системот на новиот Jeep® Avenger 4xe The North Face Edition може да ја поврати енергијата при успорување на движењето, благодарение на регенеративното успорување.
ADAS - СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ
АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ
Електронскиот систем Адаптивен темпомат (ACC) автоматски ја регулира брзината на движење за да го одржи претходно избраното растојание од возилото пред тебе.
АВТОНОМНО КОЧЕЊЕ ПРИ ИТНИ СЛУЧАИ
Системот за автономно кочење при итни случаи – Autonomous Emergency Braking ги воочува препреките пред возилото да стигне до нив, дури и кога се вози по патиштата надвор од град. Благодарение на него, новиот Avenger може автоматски да кочи за да ги избегне или пак да ги намали последиците од судирот со возилата пред него, пешаците или пак велосипедистите. Автомобилот најнапред го преудпредува возачот преку звучен и визуелен сигнал на инструмент-таблата и доколку возачот не прикочи, автомобилот автономно прикочува за да се избегне или да се намалат последиците од судирот.
ПРЕГЛЕДНОСТ НА СЛЕПИ АГЛИ
Биди посигурен во возењето со прегледност на она што се случува покрај или зад тебе. Системот за прегледност на слепи агли - Blind Spot Detection го намалува ризикот од инциденти при промена на коловозна лента, така што те предупредува кога други возила влегуваат во твојот простор на слеп агол.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ
Ја одржува воспоставената брзина и преку директна комуникација со Системот за интелигентна асистенција за брзината (Intelligent Speed Assist - ISA), новиот Систем за препознавање на сообраќајните знаци (Traffic Sign Recognition system - TSR) е во состојба да ги прочита сообраќајните знаци и да испрати предупредување доколку возачот го пречекорува ограничувањето на брзината или доколку забележи какви и да се други ограничувања.
НИВО 2 СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ
Нивото 2 на системи за помош при возење го поедноставува начинот на возење и долгите патувања, одржувајќи го потребното растојание од возилото однапред и местоположбата на возилото во средината на коловозната лента со активно дејство на воланот.