Jeep® Avenger достигна бројка од 200.000 нарачки
Торино, 28 јули 2025 година

Со 200.000 нарачки собрани во двете години од лансирањето, Jeep® Avenger ја консолидира својата стратешка улога на SUV за успехот на марката, станувајќи клучен играч во европскиот сегмент на B-SUV, пред 10-те најпродавани B-SUV возила во Европа и играјќи водечка улога во Италија.

 

Всушност, помеѓу јануари и јуни, компактниот SUV дизајниран во Торино беше најпродаваниот B-SUV co учество на пазарот од 10,9%; апсолутно најпродаван SUV co учество поголемо од 5,6%; лидер на 100% електричните B-SUV co учество од 21,4%.

 

Првиот електричен SUV на марката Jeep, дизајниран да ги задоволи потребите на европскиот пазар, продолжува да освојува нови купувачи благодарение на својата разновидност, способноста да ги задоволи сите потреби на современиот животен стил и својот уникатен дух за теренско возење.

Воведен во 2022 година и лансиран во 2023 година, Jeep Avenger означи пресвртница во стратегијата за електрификација на марката. Ова му овозможи брзо да се утврди на меѓународниот пазар, бидејќи понудата се прошири со текот на времето со бензински и хибридни верзии, правејќи ја понудата на марката Jeep уште попривлечна и подостапна.

Денес, со додавањето на погон на сите четири тркала 4xe, Avenger е збогатен со стил, перформанси на и надвор од патот, со авантуристички дух, нудејќи им на возачите поголема слобода на избор - атрибут што го одржува лидерството на Avenger во неговата категорија.

Во гамата Avenger 4xe се издвојува ексклузивното издание The North Face: ограничено издание од 4.806 парчиња, создадено во соработката со The North Face, кое комбинира ексклузивен дизајн инспириран од планинската топографија, издржливи материјали и технички карактеристики дизајнирани да се справат дури и со најпредизвикувачкиот терен.

 

Изјава на Фабио Катоне, Директор на марката Jeep за поширокиот европски пазар

Достигнувањето на 200.000 нарачки е директен резултат на нашата стратегија: сеопфатна и прилагодлива линија на погонски склопови, иконски дизајн, впечатлива комуникација и карактеристики на производот целосно усогласени со ДНК-та на Jeep. За помалку од една година, Jeep Avenger го дуплираше обемот на нарачки. Со пораст од 16% на електричните возила и зголемување од 50% на нарачките за хибридни возила, електрифицираните возила сега претставуваат неверојатни 66% од изборот на купувачите, потврдувајќи го порастот на побарувачката за одржливи и иновативни решенија.".

 

ТВ рекламата за верзијата 4xe, во која се појавуваат познати спортисти на отворено и слоган што комбинира инспирација, авантура и иновација, ја зајакна перцепцијата за Jeep како избор на животен стил. Ова резултираше со можност за допирање до нова целна група: намалување на просечната возраст на купувачите, зголемување на бројот на женски купувачи и зголемена продажба кај семејствата, истакнувајќи ја ефикасноста на Jeep Avenger како возило за секојдневно движење. Друга значајна статистика е стапката на купување: 3 од 4 купувачи се нови во марката, што го покажува успехот на Jeep во привлекувањето купувачи од други марки, дополнително зацврстувајќи го неговото реноме како сигурно возило за секојдневна употреба.

 

Jeep Avenger не нуди само избор, туку и функционалност на секоја верзија. Без разлика дали купувачите ќе изберат бензинска, e-Hybrid, целосно електрична или 4xe верзија, секоја од нив е поседува карактеристики што го одразуваат наследството на марката за робусна функционалност, а воедно ја одржуваат и одговорноста кон животната средина. Овој пристап значи дека секој Jeep Avenger е подготвен со самодоверба да се справува со градските улици, селските патишта или планинските патеки, нудејќи совршена мешавина од практичност, слобода и технологија достојна за иконскиот дух на Jeep.