ГАЛЕРИЈА

НАДВОРЕШНОСТ

ПРОСЛАВА НА СЛОБОДАТА

Новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary ги спојува смелите и компактни пропорции со препознатливиот карактер на Jeep®, нагласен со посветени златни детали на предниот браник. Ексклузивните дизајнерски карактеристики и доверливиот светлосен потпис го прават веднаш препознатлив и подготвен за сите патишта.

LED MATRIX ПРЕДНИ СВЕТЛА

LED Matrix предните светла овозможуваат попаметно и побезбедно возење: го адаптираат светлосниот сноп според сообраќајот и брзината, ја подобруваат видливоста и ја намалуваат јачината наспроти останатите учесници во сообраќајот и му даваат на новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary премиум потпис.

LED ЗАДНИ СВЕТЛА

Задните LED светла го изоструваат изгледот на новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary и ја подобруваат видливоста во сите услови, додавајќи чист, модерен потпис што се забележува и дење и ноќе.

ОСВЕТЛЕНА ПРЕДНА МАСКА СО СЕДУМ ОТВОРИ

Осветлената предна маска со 7 отвори претставува препознатлив потпис однапред на новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary. Препознатлива светлосна линија која го истакнува предниот дизајн, го зајакнува идентитетот на Jeep® и го прави препознатлив и дење и ноќе.

ТРКАЛА

Новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary доаѓа со алуминиумски тркала со златна обработка кои го истакнуваат неговиот став на прв поглед.

НАЛЕПНИЦА НА ХАУБАТА

Достапна само кај верзијата 4xe, посебната налепница го прави изгледот уште посмел и со авантуристички став, со што го прави новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary уште поспецијален и препознатлив.

ВНАТРЕШНОСТ

НАМЕНСКИ СЕДИШТА

Новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary има посебно изработени штофени седишта со кариран дезен, симбол за авантура и слободно време во природа. Лого 85th Anniversary и златни шевови, означуваат прослава, доловуваат цврст карактер и пружаат удобност на секое патување.

НАМЕНСКА ВНАТРЕШНОСТ

Практичен по природа, сега со уште поголема префинетост: Новиот Jeep® Avenger 85th Anniversary обилува со материјали меки на допир на таблата и на панелите на вратите, збогатени со златни шевови, кои ја подобруваат удобноста и квалитетот, без притоа да се изгуби функционалноста на Jeep®.

НАМЕНСКИ ПОКЛОПЕЦ НА КОНЗОЛАТА

Намески натпис 85th на поклопецот на конзолата кој додава допир на уникатност во внатрешноста, истакнувајќи го идентитетот на специјалното издание и правејќи го секое патување уште поексклузивно.

Откријте го нашиот целосен спектар на приватни и деловни понуди. Изберете го оној што ги задоволува вашите потреби и ве подготвува да ја ослободите вашата страст.