ГАЛЕРИЈА

НАДВОРЕШНОСТ

НАДВОРЕШНОСТ

КОНСТРУИРАН ЗА АВАНТУРА СЕКОЈ ДЕН

Новиот 100% електричен Jeep® Avenger ги спојува впечатливиот, компактен став и автентичниот карактер на Jeep®, заштитата на каросерија од 360° кои те поддржуваат на секоја твоја нова авантура. Неговиот препознатлив Jeep® потпис и осветлување кое пружа доверба го прават впечатлив каде и да се појави.

LED MATRIX ПРЕДНИ СВЕТЛА

LED Matrix предните светла овозможуваат попаметно и побезбедно возење: го адаптираат светлосниот сноп според сообраќајот и брзината, ја подобруваат видливоста и ја намалуваат јачината наспроти останатите учесници во сообраќајот и му даваат на новиот 100% електричен Jeep® Avenger високо-технолошки потпис.

LED ЗАДНИ СВЕТЛА

Задните LED светла го изоструваат изгледот на новиот 100% електричен Jeep® Avenger и ја подобруваат видливоста во сите услови, додавајќи чист, модерен потпис што се забележува и дење и ноќе.

НОВА ОСВЕТЛЕНА ПРЕДНА МАСКА СО СЕДУМ ОТВОРИ

Осветлената предна маска со 7 отвори претставува препознатлив потпис однапред на Avenger: препознатлива светлосна линија која го истакнува предниот дизајн, го зајакнува идентитетот на Jeep® и го прави препознатлив каде и да се движи.

ТРКАЛА

Новиот 100% електричен Jeep® Avenger воведува нови, наменски алуминиумски тркала кои сега имаат капаче со ознаката Willys, впечатлив детаљ кој на прв поглед гарантира 100% Jeep® ДНК.

360° ЗАШТИТА НА КАРОСЕРИЈАТА

Дизајнирана за реалниот живот, 360° заштитата на каросерија помага да се заштити каросеријата од гребаници и секојдневни удари. Истата му овозможува на новиот 100% електричен Jeep® Avenger да изгледа одлично во град, а истовремено да биде подготвен за авантуристичко патување.

ВНАТРЕШНОСТ

ВНАТРЕШНОСТ

ПРЕФИНЕТИ МАТЕРИЈАЛИ

Практичен по природа, сега со уште попрефинето чувство: освежен изглед на внатрешноста кој ја истакнува употребата на нови материјали пријатни на допир на таблата и на панелите на вратите. Дополнително, новиот систем за избор на режим на возење Selec-Terrain® обезбедува дополнително ниво на контрола, усогласувајќи го подобрениот амбиент во внатрешноста со вистинските способности.

НОВ ТАПАЦИР НА СЕДИШТАТА

Новиот 100% електричен Jeep® Avenger располага со удобни седишта и посветува внимание на деталите на повисоко ниво, благодарение на новиот тапацир од платно и винил.

СОНЧЕВ КРОВ

Новиот 100% електричен Jeep® Avenger нуди можност надворешноста да влезе внатре, благодарение на сончевиот кров, со што го зголемува чувството на слобода на отворен простор во твоите авантури.

БЕЗБЕДНОСТ

БЕЗБЕДНОСТ

АДАПТИВЕН ТЕМПОМОТ

Новиот 100% електричен Jeep® Avenger ти помага да го одржиш растојанието од возилото пред тебе и да уживаш при возењето.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ НИВО 2

Системите за помош при возење ниво 2 го поедноставуваат возењето и долгите патувања така што го одржуваат растојанието со возилото пред тебе, и му помагаат на возилото да остане во средина на коловозната лента со активното дејствување врз воланот.

ПРЕГЛЕДНОСТ ПРИ СЛЕП АГОЛ ВО ГРАД

Новиот 100% електричен Jeep® Avenger ја зголемува будноста во пренатрпаната околина. Прегледноста при слеп агол во град го прикажува возилото кое можеби не си го забележал и го менува правецот на движење со што движењето низ град станува многу повнимателно.

ПЕРФОРМАНСИ И СПОСОБНОСТИ

ПЕРФОРМАНСИ И СПОСОБНОСТИ

СИСТЕМ ЗА ИЗБОР НА РЕЖИМ SELEC-TERRAIN®

Способностите на Јеер се секогаш во функција. Со системот за избор на режим на возење Selec-Terrain®, кој е во стандардна опрема, новиот 100% електричен Jeep® Avenger е спремен да се прилагоди на теренот во дадениот момент, со што помага да се одржи контролата кога условите на пат се менуваат и пружа доверба каде и да те води патот.

МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА И АГЛИ НА ТЕРЕНСКО ВОЗЕЊЕ

Компактен однадвор, способен по природа: Новиот 100% електричен Jeep® Avenger е конструиран со најдобро растојание од тлото во класата и агли на теренско возење, за да може да се справиш со секојдневните препреки со вистинска Jeep самодоверба.

СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА ПРИ СПУШТАЊЕ НА УДОЛНИЦА

Кога патот почнува да се спушта, тука е Системот за контрола при спуштање на удолница (Hill Descent Control), во стандардна опрема кај новиот 100% електричен Jeep® Avenger, кој помага да се задржи контролата и стабилноста на удолница, дури и кога тлото е тешко предвидливо.