ГАЛЕРИЈА
НАДВОРЕШНОСТ
НАДВОРЕШНОСТ
СЛОБОДА ЗА СЕКОЈ ДЕН
Дизајниран за слобода секој ден, новиот Jeep® Avenger носи смел стил и вистински Jeep® став на секое патување, од урбаната џунгла до најдивите патувања. Каде и да одберете да одите, ова возило ќе остане самоуверено, способно и несомнено кул.
LED MATRIX ПРЕДНИ СВЕТЛА
Новиот Jeep® Avenger има LED Матрикс предни светла, кои овозможуваат попаметно и побезбедно возење со прилагодување на распределбата на светлината на сообраќајот и брзината. Исто така, ја подобруваат видливоста, го намалуваат отсјајот кон другите учесници во сообраќајот и му даваат на новиот Jeep® Avenger премиум, високотехнолошки светлосен потпис.
НОВА ОСВЕТЛЕНА ПРЕДНА МАСКА СО 7 ОТВОРИ
Новата предна маска со 7 отвори претставува препознатлив потпис на новиот Jeep® Avenger, комбинирајќи ја најновата иновација со дизајнот на Jeep®. Исто така, создава препознатлив светлосен шаблон кој секогаш паѓа в очи.
ТРКАЛА
Новиот Jeep® Avenger располага со гама на алуминиумски тркала, од 16” дo 18”, додавајќи посмел изглед и дизајн кој делува подготвен за поаѓање.
НОВ ПРЕДЕН БРАНИК
Со наменски и заштитнички дизајн, новиот браник на Jeep® Avenger е наменет за секојдневието, помагајќи да се заштити каросеријата од мали удари и удари при мала брзина што можат да се случат во текот на возењето, благодарение на материјалот од кој е направен, отпорен на гребаници.
ЗАДНИ СВЕТЛА
Новиот Jeep® Avenger има full-LED задни светла дизајнирани за јасна видливост во секакви временски услови и на далечина. Нивниот светлосен потпис му додава модерен и единствен финален допир, правејќи го Avenger препознатлив дури и во темница.
ВНАТРЕШНОСТ
ПРЕФИНЕТИ МАТЕРИЈАЛИ
Практичен по природа, сега со уште попрефинет изглед: внатрешноста е подновена со нови материјали меки на допир на таблата и панелите на вратите. Плус, новиот систем за избор на начин на возење, Selec-Terrain®, додава дополнителна контрола за подобрениот изглед на внатрешноста да се усогласи со вистински капацитет.
10.25" ИНСТРУМЕНТ-ТАБЛА
Целосно дигиталниот екран за возачот ги дава клучните информации во фокус, со чист и модерен распоред дизајниран за да се задржи во контролата и да пружи самодоверба зад воланот.
ФЛЕКСИБИЛНА ВНАТРЕШНОСТ ЗА ПРОСТОРИ ЗА ПРЕДМЕТИ
Благодарение на тунелот со поклопец (достапна кај e-Hybrid верзијата), во новиот Jeep® Avenger можеш да го организираш внатрешниот простор за складирање.
СОНЧЕВ КРОВ
Новиот Jeep® Avenger пружа и можност за отворен сончев покрив за да бидеш во поблизок контакт со природата, во вистински Jeep® стил.
СПОСОБНОСТ
СИСТЕМ ЗА ИЗБОР НА НАЧИН НА ВОЗЕЊЕ SELEC-TERRAIN®
Со системот за избор на начин на возење, Selec-Terrain®, новиот Jeep® Avenger ти овозможува да го прилагодиш возилото на различните површини и услови за само неколку секунди, со што можеш да заборавиш на рутината и да се препуштиш на возењето на вистинскиот начин.
КОНТРОЛА ПРИ ВОЗЕЊЕ НА УДОЛНИЦА
Кога патот води удолу, Hill-Descent Control, контролата при возење на удолница му помага на новиот Jeep® Avenger да ја одржи контролата и стабилноста при движење по удолница. Повеќе доверба, помалку грижи, за да продолжиш да се движиш кон следната цел.
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
Компактен однадвор, авантуристички по природа: со зголеменото ниво на минување низ вода, новиот Jeep® Avenger е конструиран за да се справи со сите препреки во реалниот живот со вистинска Jeep® доверба.
БЕЗБЕДНОСТ
АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ
Новиот Jeep® Avenger помага за поспокојно возење без стрес. Адаптивниот темпомат ја прилагодува брзината и одржува растојание со возилото од напред, за да можеш да уживаш во текот на возењето.
НИВО 2 НА СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ
Системите за помош при возење ниво 2 го поедноставуваат возењето: одржуваат растојание со возилото од напред и го враќаат возилото во средината на коловозната лента со актино дејствување врз воланот.
ПРЕГЛЕДНОСТ НА СЛЕП АГОЛ ЗА ВОЗЕЊЕ НИЗ ГРАД
Напредните сензори постојано давааат прегледност на зоната на слепиот агол околу надворешните ретровизори на новиот Jeep® Avenger, откривајќи возила во близина и предупредувајќи го возачот, за да обезбеди посигурни маневри.
Откријте го нашиот целосен спектар на приватни и деловни понуди. Изберете го оној што ги задоволува вашите потреби и ве подготвува да ја ослободите вашата страст.





