КОНЦЕНТРАТ НА СЛОБОДА

Новиот Jeep® Avenger ја отелотворува ДНК-та на марката, благодарение на неговата единствена комбинација на стил, функционалност, технологија и способности за сите временски услови и секакви терени. И пред сè, достапен во три различни погонски единици за да ја обезбеди слободата што ви треба на вашите патувања.

ВНАТРЕШНОСТ

ШТО ЧУВСТВУВАТЕ

Модерната и дигитална внатрешност на новиот Jeep® Avenger ги обединува чувството на слобода за време на возењето со функционалноста. Нема да верувате колку предмети може да понесете со себе во овој SUV: просторите за предмети, сите заедно, ви нудат простор исто како за рачен багаж.

НАДВОРЕШНОСТ

ШТО Е ТОА ШТО ВЕ ВООДУШЕВУВА

Авантурата е безгранично истражување, пронаоѓање на самиот себе во некој нов свет. Новиот Jeep® Avenger има смел дизајн, кој се одликува со мускулестите форми и комплетната заштита на каросеријата од 360°. 

ЗАШТИТЕНИ FULL-LED ПРЕДНИ СВЕТЛА

Функционалниот дизајн на новиот Jeep® Avenger се карактеризира со заштитените full-LED предни светла, осмислени да понудат максимална слобода на движење и да се избегнат гребаниците при секоја ваша авантура.

АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА

Новиот Jeep® Avenger ја претставува новата линија на алуминиумски тркала поаѓајќи од 16”, па се` до 18”, кои овозможуваат поедноставно соочување со кој било предизвик.

ОПЛАТА (ЗАШТИТА НА ПОДВОЗЈЕТО)

Кога заштитата и авантурата одат рака под рака. Оплатата (заштита на подвозјето) на новиот Avenger е изведена од тониран полимерен материјал кој ја задржува оригиналната боја во случај на гребаници.

СЛОБОДА НА ИЗБОР

100% ЕЛЕКТРИЧЕН


АВТОНОМИЈА: ДО 600 km СПОРЕД ЦИКЛУСОТ WLTP ВО ГРАД, ДО 400 km СПОРЕД ЦИКЛУСОТ КОМБИНИРАНО

20%-80% ПОЛНЕЊЕ ЗА 24 МИНУТИ

ЕМИСИИ НА CO2: 0 g/km

ЕЛЕКТРИЧНА МОЌ ОД 156 КС

МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ ОД 260 Nm

 

ПОВЕЌЕ ЗАБАВА ЗАД ВОЛАНОТ

Брзото и динамично забрзување резултира со подобрени и неспоредливи перформанси.

СЛОБОДА ВО ДНК-та

Искусете ги подолгите патувања со помала потреба од чести полнења.

СПОКОЈСТВО

EV батериите се дизајнирани да го издржат животниот век на Avenger. Jeep® дава 8-годишна гаранција или 160.000 km кај електричниот модел.

ДИМЕНЗИИ

Новиот Jeep® Avenger е во состојба да ви понуди комфор и простор, потребни за подобро чувство при секое патување . Вклучувајќи ги и најекстремните авантури. Во поглед на димензиите, новиот Jeep® Avenger е висок до 1,53 m и долг 4,08 m. Овој модел е широк 1,72 m. Димензиите може благо да варираат во зависност од нивото на опременост.

ШТО ДОЖИВУВАТЕ

ДОБРЕДОЈДЕ НА СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ


Новиот Avenger нуди перформанси кои се заштитена марка на Jeep®, како и слобода на движење во сите услови благодарение на неговите способности за сите временски услови и секакви терени. Агилен и со брз одговор, моделот е опремен со Selec-Terrain® и системот Hill Descent Control обезбедувајќи голема способност за теренски услови. Исто така, неговото дарежливо растојание од земјата ви овозможува да се соочите дури и со екстремни услови.

СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ

Новиот Jeep® Avenger ќе ги олесни вашите патувања и ќе го понесе напред вашето искуство во возењето, благодарение на комбинираните Напредни системи за помош на возачот (ADAS) кои пружаат удобност и контрола на сите ваши патувања.

РЕШЕНИЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ


Наполнете го вашиот електричен Avenger дома или додека сте во движење. На барање, на располагање eProWallbox домашниот полнач кој функционира на до 22 kW.

ШТО ВЕ ПРАВИ ПОСЕБНИ

Широката палета на додатоци Jeep® Authentic Accessories by Mopar® му дава на вашиот Avenger личен допир и додава се` што ви е потребно за вашата следна авантура.

ЛЕГЕНДАРНА ПРЕДНА РЕШЕТКА


Легендарната предна решетка на Jeep® Avenger стана препознатлива. Додадете волшебна X-camo графика и почнете да привлекувате погледи.

ПОСВЕТЕН ТИМ ЗА ПОДДРШКА


За прашања во врска со купениот Jeep автомобил или услугите од постпродажба, контактирајте со механичарските или лимаро-фарбарските сервиси. За информации за нови возила или комплетна поддршка кога одбирате онлајн или во продажен салон, контактирајте го нашиот стручен тим за продажба.

Потрошувачка на гориво Jeep® Avenger гама БЕНЗИН: 5.8 – 5.6 l/100 km; Емисија на CO2: 131 – 127 g/km.

Потрошувачка на гориво Jeep® Avenger гама E-Hybrid: 5,0 – 4,9 l/100 km; Емисија на CO2: 114 – 111 g/km.

Вредностите определени при процесот пред хомологација пресметани врз основа на процедурата WLTP (Регулатива (ЕУ) 2018/1832). Податоците за потрошувачката на гориво и CO2 се дадени само за споредбени цели и може да не ги одразуваат реалните резултати при возење, коишто зависат од голем број фактори, вклучувајќи ги вградените додатоци (по регистрацијата), различните временски услови, стилот на возење и оптоварувањето на возилото. Споредете ги само бројките за потрошувачката на гориво и CO2 со другите тестирани автомобили со истата техничка процедура.

Потрошувачка на електрична енергија Jeep® Avenger гама 100% електричен : 16 – 15,4 kWh/100km; Емисија на CO2: 0 g/km. Автономија Jeep® Avenger 100% електричен автономија: 400 – 385 km.

Вредностите за одобрување на типот утврдени врз основа на комбинираниот циклус на WLTP, ажуриран од февруари 2024 година. Наведените вредности се за споредбени цели. Важно: реалните вредности на потрошувачката на електрична енергија може да бидат многу различни и може да варираат во зависност од употребата и надворешните услови. За дополнителни детални информации, ве молиме контактирајте го најблиското продажно место на Jeep.