НАДВОРЕШНОСТ

ДИЗАЈНИРАН ЗА ВАШИТЕ АВАНТУРИ

Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid може да се пофали со поелегантен и посмел изглед, направен со подобрени перформанси и поголема безбедност на теренот, со стандардни full-LED светла. Сега, може да додете малку од вашиот личен стил благодарение на двобојниот црн покрив*. Дополнително, понудата на алуминиумски тркала од 17” до 19” е целосно редизајнирана, нуди нови уникатни бои и способност за совладување на секаков терен.
*Достапно како опција

ВНАТРЕШНОСТ

ДЕФИНИЦИЈА ЗА КОМФОР

Off-road aвантурите се добри, но оff-road авантурите во целосна удобност се неспоредливо подобри. Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid e опремен со нови кожени седишта со вентилирање*, а возачкото седиште со електрично прилагодување во 8 насоки* овозможува уште поголемо уживање при возењето за време на долги авантури. Во новиот Jeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid има повеќе простор благодарение на новите оддели за складирање позади менувачот, во централниот тунел и под потпирачот за рака. *Достапно како опција

КОЖЕНИ СЕДИШТА СО ЕЛЕКТРИЧНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ И ВЕНТИЛИРАЊЕ

Позади воланот на новиот Jeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid ќе чувствувате уште поголемо задоволство при возењето благодарение на возачкото седиште со електрично прилагодување во 8 насоки*.
*Достапно како опција

СИСТЕМ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА

Уживајте во секое патување со интуитивниот и лесен за користење Uconnect™ систем, сега со 10.1” HD екран на допир. Сето тоа со дополнителните придобивки од безжичното поврзување со Apple Carplay и Android Auto на сите ваши патувања.

Внатрешност, едноставна за одржување

Compass 4xe Plug-in Hybrid е опремен со штофени или винил патосници, едноставни за одржување, скроени по мерка за авантури на отворено.

4XE Е НОВИОТ 4X4

Новиот Compass може да се соочи на секој пат благодарение на неговите off-road браници и наменската заштита skid plates. Понатаму, благодарение на Hybrid Mode Selector, можно е да се изберат до три различни режими на возење, потпирајќи се на електричниот мотор, бензинскиот мотор или и двата. Комбинираната употреба на двата мотори гарантира напредни перформанси и намалена потрошувачка.

СИСТЕМ SELEC-TERRAIN®

Справете се со секој терен на најдобар начин. Системот за контрола на погонот Selec-Terrain® ти овозможува да избереш еден од четирите динамични начини на возење: Auto, Snow, Sand/Mud и Sport. Сега режимот Rock исто така е возможен.

ВО ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА

Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid ќе ги олесни вашите патувања и ќе го понесе вашето возачко искуство на ново ниво. Сега, ниво 2 асистираното возење може да се користи на сите типови патишта, што значително го подобрува искуството позади воланот.

KAKO ЕДНО СО ВАШИОТ JEEP®

Потпрете се на најновата технологија. Новиот 10.1” Ultra HD дисплеј кај системот за информирање и забава Uconnect™ ви нуди поинаков начин да уживате во патувањето.

Потрошувачка на гориво гама Jeep® Compass 4xe (l/100 km): 2,0 - 1,9; Емисија на CO2 (g/km): 47-48, според Директивата на ЕУ 1999/94. Хомологираните вредности се одредени според комбинираниот циклус WLTP, врз основа на кој се одобруваат нови возила од 1 септември 2018 година, ажурирани на 31 март 2022 година. Наведените вредности се за споредба.

 

Податоците за потрошувачката на гориво и CO2 се дадени само за споредбени цели и може да не ги одразуваат реалните вредности при возење, кои ќе зависат од голем број фактори, вклучувајќи ги и вградените додатоци (по регистрацијата), промените во временските услови, стилот на возењето и оптоварувањето на возилото. Споредете ги само бројките за потрошувачка на гориво и CO2 со другите тестирани автомобили со истата техничка процедура.

 

^Овие бројки се добиени откако батеријата била целосно наполнета. Compass 4xe е plug-in хибридно возило на кое му е потребна електрична струја за полнење. Прикажаните бројки се за цели на споредливост. Споредете ги само бројките за потрошувачката на гориво, CO2 и автономијата во електричен режим со други тестирани автомобили со истите технички процедури. Овие бројки може да не ги одразуваат реалните резултати на возењето, што ќе зависат од голем број фактори, вклучувајќи го стартното полнење на батеријата, вградените додатоци и опрема (по регистрацијата), промените во временските услови, стилот на возењето и оптоварувањето на возилото.

 

† Сите информации и цени се точни во моментот на објавување, но се предмет на промена во секое време без претходна најава. Ве молиме контактирајте со најблискиот  продажен советник за Jeep за најновите цени и детали за спецификациите за сите модели.