ВЕСТИ
Jeep® Avenger достигна бројка од 300.000 нарачки и ја зацврсти неговата улога на број еден СУВ Jeep во Европа
- Новиот Jeep® Avenger се продава на преку од 70 пазари ширум светот и е лидер во сегментот Б-СУВ на главните европски пазари
- Во Италија е најпродаван СУВ и се наоѓа на второто место во сите сегменти и сите категории на мотори
- Проектиран и произведен во Европа, Новиот Jeep Avenger е најкомпактниот модел во гамата на Jeep којшто во помалку од 4 метри содржи вредности како што се Слободата, Авантурата, Автентичноста и Страста
Торино, 20 октомври 2026 – Лансиран во 2023, Jeep® Avenger достигна бројка од 300.000 нарачки со што направи чекор напред кон рекордот од 610.000 возила, поставен од Jeep Renegade во неговиот
вкупен животен век, сметајќи го резултатот измерен со истиот пераметар. Електрифицираните верзии претставуваат околу 60% од вкупната продажба.
Новиот Jeep Avenger, подновен во мај годинава, со надополнет стил и напредни содржини, како што се Matrix LED предни светла и телекамера поставена однапред со прегледност од 360°, нов селектор за системот за избор на режим на возење Selec-Terrain®, со подобрен квалитет на видливост и на допир на сите внатрешни површини. И новите бои се инспирирани од природата, Bamboo и Forest, се посебно барани од страна на клиентите.
Avenger е проектиран во Европа каде што се произведува, осмислен според потребите на европските купувачи. Го комбинира стилот на компактен автомобил со карактер кој се издвојува со способности како никогаш досега, отворајќи нова перспектива за сегмментот Б-СУВ. Неговата формула на производ ја проширува традиционалната колевка на купувачи на Jeep, привлекувајќи зголемен процент на жени купувачи и на возачи на возраст под 40 години.
Функционалноста станува форма, и обратно
Купувачите го ценат пристапот на Jeep “design to function” (дизајн во функција) којшто го прави Avenger убав, практичен и со совршена појава во секој амбиент. Заштитата од 360°, вградените оптички групи и плочите под подвозјето “molded-in-color” (изработени од материјал обоен при самото моделирање) се естетски елементи по кои се издвојува и кои придонесуваат да се избегне какво и да е оштетување во случај на помали удари. Намалените испусти прилагодени на зголеменото растојание од тлото, ги подобруваат перформансите на терен и му овозможуваат на автомобилот да ги надмине препреките без да ги оштети браниците. Предната маска со седум отвори, препознатлив елемент на Jeep, е сега осветлена со LED сијалички, со што автомобилот е видлив и препознатлив во секоја ситуација.
Off-road: на терен, животниот стил на Јеер
И покрај компактните димензии, новиот Avenger ги задржува карактеристиките кои го прават единствен, со Jeep ДНК, поаѓајќи од способностите кои се на врвот во неговата категорија. Ниедно друго возило од истиот сегмент нема исто растојание од тлото и исти агли, карактеристични за теренско возење, ниту пак има еднакви перформанси на терен.
Jeep Selec-Terrain®, системот за избор на режим на возење е во серија и на верзиите 4x2, каде што ја
регулира испораката на моќност и контролата на погонот во функција на теренот и на метеоролошките услови.
Поставените режими на возење возачот ги избира преку командата која е лесно пристапна. Системот, исто така, е надополнет со системот за Контрола при спуштање на удолници.
Верзијата 4xe со интегрален погон и со 145 КС е опремена со електрифициран пренос со двојна спојка, термички мотор напред и електричен мотор назад кој може да испорача до 1.900 Nm моќност на задните тркала. Новиот Jeep Avenger 4xe е во состојба да вози на удолници од 40% на мраз и на 20% и во отсуство на прилепување на предната осовина. Оваа верзија има црн Jeep штит, LED светла за магла, кровни носачи и задна кука за влечење.
Слобода за избор на технологија
Купувачите сакаат слобода на избор, а новиот Jeep Avenger одговара со комплетна слобода за избор на мотор: бензин, e-Hybrid, 100% електрична и 4xe, со мануелен и автоматски менувач, преден и интегрален погон.
100% електричната верзија е идеална за градско возење со нула емисии, со автономија до 400 km, но и за тивко возење надвор од градот. Верзијата e-Hybrid претставува прв чекор во светот на електрификацијата. Бензинската верзија со мануелен менувач нуди пристапно решение за оние кои преферираат традиционален пристап. Avenger 4xe со интегрален погон, пак, е проектиран за да се соочи со најтешките терени.
Новиот Jeep Avenger е на располагање со четири нивоа на опременост: Longitude, Altitude, Summit и специјалната серија посветена на 85-годишнината на марката.
Avenger 4xe е на располагање со три нивоа на опременост: Upland, Overland и специјалната серија посветена на 85-годишнината на марката.
Нови содржини од високата технологија: Matrix LED предни светла и телекамера поставена однапред со прегледност од 360°
Иако веќе се одликува со технологија на врвот во категоријата, новиот Jeep Avenger сега воведува и Matrix LED предни светла, кои обезбедуваат подобра видливост при ноќно возење.
Дополнителната телекамера поставена однапред овозможува дигитално претставување на екранот на допир со прегледност од високо нa 360°, со што ги олеснува маневрите при паркирање и го прави посигурно теренското возење. Оптималното прикажување на екранот и зумот се врши автоматски, иако му оставаат простор на возачот да ги смени во било кое време.
Сигурносната опрема е комплетирана со низа авангардни системи за помош при возење ниво 2.
Jeep Avenger во Италија
Обработката на податоците од страна на Датафорс покажува дека комерцијалните резултати за септември и првите девет месеци од 2026 година ја поставуваат марката Jeep® на водечката позиција на италијанскиот пазар, пред сè, успехот на Jeep Avenger, СУВ моделот дизајниран во Торино кој продолжува да ги освојува италијанските купувачи. Jeep Avenger е најпродаваниот СУВ во Италија и втор најпродаван модел на пазарот, во сите сегменти и сите типови на мотори.
Марката Jeep®
Веќе 85 години, Jeep е глобален лидер во светот на СУВ возилата, со легендарни теренски способности, напредна технологија и неспоредлива разновидност за сите кои сакаат забава и авантура. Со постојана посветеност кон иновациите, марката Jeep нуди разновидна палета на возила со мотори со внатрешно согорување, хибридни технологии и целосно електрични погони. Со наследство цврсто засновано на вредностите за слобода, авантура, автентичност и страст, Jeep продолжува да ги поставува стандардите за робусни и софистицирани СУВ возила, дизајнирани да се соочат со секој предизвик.






